Крвната група не само што ги одредува нашите наследни особини, туку може да има значително влијание врз нашето здравје и долговечност.
Крвната група влијае на општото здравје, секоја има свои специфики и слабости, но една се издвојува како најотпорна на болести. Тоа е крвна група 0 – луѓето кои ја имаат оваа група живеат најдолго .
Докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар и имаат помала веројатност да добијат одредени видови на рак.
Крвната група 0 содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, што го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари предизвикани од згрутчување на крвта. Отпорот на најопасните болести ги зголемува шансите за долг живот.
– Се чини логично дека избегнувањето на болеста придонесува за долговечност. Сепак, постои верување дека гените кои го забавуваат стареењето играат клучна улога кај стогодишниците – изјави Стјуарт Ким, професор по биологија и генетика на Универзитетот Стенфорд, презентирајќи ги резултатите од истражувањето на неговиот тим, објавено на plos.org.
Во потрага по тајната на долговечноста, тие ги проучувале гените на 800 стогодишници и 5.400 луѓе кои живееле до 90-годишна возраст и откриле дека клучот за брзината на стареењето е варијацијата во четири гени.
Тоа се CDKN2B, кој игра важна улога во клеточната делба ABO, што се однесува на типот на крвната група; APOE, што влијае на подложноста на Алцхајмерова болест; и SH2B3, што го продолжува животот.
Како што објаснија, откриле дека одредени генетски варијации се јавуваат почесто кај луѓето кои живеат до сто години. Кога станува збор за крвната група, најчеста крвна група на стогодишниците била крвната група 0, пишува Тајмс.