Магијата на Меси во Далас 

Интер Мајами на Лионел Меси е елиминиран од Далас.

Фудбалерите на Далас и Интер Мајами одиграа нерешено, 4:4, во осминафиналето од Лига купот на Америка.

По пеналот беше 5:3 за тимот за кој настапува Лионел Меси и по драмата го елиминираа Далас сред Тексас.

Љубителите на фудбалот во САД можеа да уживаат во магијата на Лео Меси кој му донесе водство на Интер во 6. минута, но Квинјон и Камунго донесоа пресврт до крајот на првото полувреме кога Далас поведе со 2-1.

Алан Вераско во 63. минута зголеми на 3:1, за само три минути подоцна Кремаски да намали на 3:2, но Далас поведе со 4:2 благодарение на автоголот на Тејлор во 68. минута.

Следуваше уште еден автогол со намалување на разликата на 4:3, за Меси со слободен удар да го запали стадионот.

А кога беа во прашање пеналот, Аргентинецот беше тој што ја презеде одговорноста и прв шутираше, а со тоа им влеа доверба на соиграчите кои не промашија ниту еден од 5-те удари. Од другата страна трагедија беше Помикал, кој не ја погоди мрежата во втората серија.