Мадона за првпат во јавноста откако беше пронајдена во несвест: Поп иконата беше на работ на смртта, а сега се дигна до облаци (видео)

На крајот на јуни пејачката Мадона беше пронајдена во несвест, по што итно беше пренесена во болница и сместена на интензивна нега. Колабрирала поради бактериска инфекција која и’ го нападнала имунолошкиот систем, а по неколку дена познатата пејачка била пуштена дома.

Во неделата, 9 јули, кралицата на поп музиката беше забележана за првпат откако се врати во нормала. Мадона сега се појави на Upper East Side во Њујорк. Таа во таа прилика носеше широка црна маица, долги шорцеви и шапка со широк обод, а на нозете имаше бели патики. Лицето го сокрила со големи очила.

– Изгледаше многу добро и расположена – ексклузивно раскажува за ,,Ок! magazin” очевидец и додаде:

– Одеше малку полека, но изгледаше како да сака само малку да се прошета.