ФОТО | КУЧЕ ВОЗИ АВТОМОБИЛ, А ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ ДЕКА Е ВИСТИНА – Камерата снимила неверојатна сцена во едно словачко село, а возачот имал хит објаснување

Словачките полицајци не можеле да им поверуваат на своите очи кога сообраќајната камера која снима возачи кои брзо возат забележала многу чудна сцена.

На видеото снимено во селото Штеруши кај градот Пјешќани се гледа куче кое се чини дека го „контролира“ автомобилот.

Словачката полиција ја објави фотографијата на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук и нагласи дека не се работи за лажна фотографија или фотомонтажа.

кучето, кучето ја вози колата

Се вели дека патролата од градот Сењица била изненадена кога поради пречекорување на дозволената брзина на радарот сфатила дека наместо со возачот ќе си имаат работа со кафено ловечко куче кое гледало низ прозорецот.

Секако, неодговорниот возач кој тргнал во лов имал објаснување за оваа неверојатна фотографија откако полицајците му го запреле автомобилот.

Се наведува дека 31-годишниот човек тврдел дека наеднаш се наведнал и дека кучето зад него на задното седиште било фотографирано на тој начин, односно дека не му го предал воланот на домашното милениче.

Полицијата му изречила казна на човекот на лице место.