Девојка киднапирана додека кампувала, пронајдена во плакарот на киднаперот! Една работа го открила (ВИДЕО)

Шарлот го возела велосипедот сама неколку минути кога исчезнала

Девојчето Шарлот Сена (9), кое во саботата било киднапирано во национален парк во државата Њујорк, е пронајдена жива и здрава во плакарот на камперот на осомничениот.

Киднаперот Крег Нелсон Рос Јуниор (47) бил откриен благодарение на белешката за откуп што ја оставил во поштенското сандаче на семејството Сена.

Рос остави и отпечатоци од прсти кои веќе биле регистрирани во полициската база бидејќи бил уапсен во 1999 година во Саратога поради возење во алкохолизирана состојба.

„Тој возел до нивната куќа, претпоставувајќи дека тие не се дома во 4:20 часот, го отворил поштенското сандаче и оставил белешка во која барал плаќање за да го ослободи девојчето“, рече гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.

Полициските екипи потоа се упатиле на адресата каде што се наоѓал камперот – зад куќата на неговата мајка.

Девојчето било пронајдено во плакарот на камперот, а немало никакви повреди.

Шарлот сама го возела велосипедот неколку минути низ паркот Моро Лејк каде што кампувала со семејството.

Не е познато зошто Рос ја киднапирал, а тој живеел околу три километри подалеку од нејзиниот семеен дом.

– Не се знае дали ја познавал или ја следел некое време – додал гувернерот.

Кога нејзините родители го виделе само нејзиниот велосипед во шумата, веднаш повикале помош, а во потрагата учествувале околу 400 луѓе.