КАТАРИНА ОТИДЕ КАЈ СВОЈОТ ДЕЧКО ВО ШВЕДСКА И НЕ МОЖЕ ДА ПОВЕРУВА КАКО ЖИВЕАТ ЛУЃЕТО ТАМУ: Најголем шок ја чекаше во тоалетот 

Катарина Бачурин од Хрватска неодамна отпатува во Шведска со своето момче и се врати полна со впечатоци. Таа ги сподели своите впечатоци од една од најсреќните земји во светот со своите следбеници на TikTok .

Таа опиша каков е животот во Шведска и со што се сретнала таму, но и што најмногу и недостигало.

„Не пијат редовно кафе“

Првото нешто што и го привлече вниманието е тоа што во нивните кафулиња и барови нема келнери кои доаѓаат на масата да ве послужат, туку за секоја пијачка мора да станете и сами да ја нарачате.

„Во Шведска ми недостига нашето редовно кафе со млеко од кафулињата, бидејќи тие го немаат тоа, имаат лате, што всушност е три капки еспресо и еден куп млеко“, објаснува Катарина.

@bacvica Voiceover je sniman u wc-u trajekta tako da nemojte zamjeriti jeku😅😂 #bacvica ♬ Johnny B. Goode – Chuck Berry

Според неа, најслично на нашето кафе е макијатото, но не секогаш го имаат во понуда. Исто така, немаат посебни машки и женски тоалети – сите се заеднички.

Покрај тоа, таа била изненадена и од фактот што се работи на сензор, па ни вратата не се отвора на вообичаен начин, со притискање на кваката.

Култура во сообраќајот, плаќање со пластика и специјализирани продавници за алкохол

Бидејќи пешаците излегуваат од сите страни, на возачите им е потребна голема концентрација.

Нивните пешаци ја минуваат улицата каде сакаат, а луѓето не им ѕвонат и не лудуваат како нашите балкански возачи“, рече Катарина.

Исто така, автобусите и трамваите се точни до минута и имаат одредени места за постарите луѓе.

„Не се плаќа во готово, се е на картичка. Продавниците имаат уреди со кои можете самостојно да скенирате сè што ќе земете, на излезот од продавницата никој не ви ја проверува чантата дали сте скенирале се. Се е засновано на доверба“, вели Катарина Бачурин.

Алкохолот се продава само во специјализирани продавници, затоа заборавете на идејата да трчате на пазар по аперитив кога ќе имате гости.