ЕУ го поздрави обновувањето на дипломатските односи меѓу Иран и Саудиска Арабија

Европската унија „го поздрави најавениот договор за обновување на дипломатските односи меѓу Кралството Саудиска Арабија и Исламската Република Иран и се радува на неговото спроведување“, изјави портпаролот за надворешна политика на Унијата, Петер Стано.

Тој во изјавата додава дека ЕУ ги препознава дипломатските напори што доведоа до тој важен чекор.

За ЕУ, Саудиска Арабија и Иран се „централни за безбедноста на регионот, а обновувањето на нивните билатерални односи може да придонесе за стабилизација на регионот во целина“.

„Промовирањето на мирот и стабилноста и постигнувањето на деескалација на тензиите на поширокиот Блиски Исток се клучни приоритети за ЕУ. ЕУ останува подготвена да се вклучи со сите актери во регионот во постепен и инклузивен пристап и со целосна транспарентност“, најави Стано.