Нов Зеланд го прекина натпреварот против Катар поради расизам

Фудбалската репрезентација на Нов Зеланд го напушти пријателскиот натпревар против Катар по првото полувреме, обвинувајќи дека нивен фудбалер бил цел на расистички напад од противнички играч.

„Мајкл Боксал беше жртва на расистички навреди во првото полувреме од катарски играч“, објави Фудбалската федерација на Нов Зеланд на Твитер, објаснувајќи ја причината поради која синоќа го напушти натпреварот во Виена по првото полувреме.

Португалскиот стратег на клупата на Катар, Карлос Квеирош, остана изненаден од новозеландската одлука.

„На наше изненадување, новозеландскиот капитен дојде во нашата соблекувална на полувремето и ни рече дека неговиот тим нем, а да го ппродолжи натпреварот“, изјави Квеирош.

„Наводно двајца играчи размениле зборови на теренот. Кој почнал, кој одговорил? Само тие знаат. Нема сведоци, судијата ништо не слушнал, ниту некој од клупата. Тоа е само кавга меѓу двајца играчи. Сега фудбалски власти нека донесат одлука. Но без сведоци, не знам како ФИФА ќе може да донесе одлука“, додаде катарскиот селектор.