ВИРАЛЕН ХИТ- Сите зборуваат за овој „мутантен гулаб“: „Како да еволуирале Покемон! Никогаш повеќе нема да можам да спијам!“

Птицата со невообичаено долги нозе и екстремно надуени гради е всушност специфична раса – голем англиски гушан

Видеото, кое наводно е направено во Обединетото Кралство, предизвика голема врева на TikTok. Како што пренесува Daily Mail , на него е прикажан „гулаб мутант“ со невообичаено долги нозе и екстремно надуени гради. Иако бизарниот изглед на птицата збуни многумина, таа всушност е животно од специфична раса .

– Како што имаме различни видови домашни кучиња, така и домашните гулаби доаѓаат во сите облици и големини како овој гулаб – гласи насловот на видеото кое досега собра повеќе од 18 милиони прегледи, 42.000 коментари и 1,6 милиони лајкови.

– Изгледа како една птица да изела друга! Како да еволуирале Покемон! Никогаш повеќе нема да можам да спијам! Еве што се случува кога некој се обидува да ја докаже еволуцијата со одгледување гулаби назад во велоцираптори! Ништо освен грев кон природата, ако не и директен чин на суровост кон животните – ова се само дел од коментарите кои се наредени на TikTok.