Инцидент во училиште! Маж внесе граната во сала полна со деца, има повредени (ВИДЕО)

Во украинскиот град Мелитопол експлодирала граната во училиште за време на натпревар во џудо за деца.

Според пишувањата на медиумите, еден од гледачите донел рачен фрлач на граната на натпреварот и случајно го испукал, пренесува „Некста“.

Според медиумите шест лица се полесно повредени. Други детали за инцидентот засега не се познати.

Мелитопол се наоѓа во областа Запорожје и е под руска контрола од 2022 година.