РАБОТОДАВАЧИТЕ ОЧАЈНИ – Дали невработените во Германија имаат повеќе приходи од вработените? „Ми даде отказ, вели дека не вреди повеќе да се работи“

Многу работодавци стравуваат дека Германија ќе стане општество каде што некои „одмараат, а други плаќаат за тоа работејќи.“

Вработен во транспортна компанија во Германија дал отказ затоа што смета дека „не му вреди да работи додека прима граѓански приход“, пренесува Феникс Магазин. Како што откри шефот на компанијата Хорст Котмајер за медиумите, неговиот сега веќе поранешен вработен смета дека за него е поисплатливо да добива т.н. Бургергелд и да работи „на црно“.

– Работникот е во средината на триесеттите години, а рече дека би можел повеќе да заработи ако работи на црно и живее од државна помош, тоа е Бургергелд – изјави Котмајер во интервју за германски Билд.

Поранешниот вработен во фирмата бил девет месеци и заработувал по 14 евра на час како магационер, а според Котмајер тоа е почетната плата во неговата фирма. На корисниците на Бургергелд, пак, им се исплаќаат 502 евра месечно, а покрај нив се плаќаат и трошоците за кирија и греење.

Котмајер, кој е трета генерација на чело на компанијата и моментално вработува 350 луѓе, стравува дека на неговиот поранешен вработен може да му се придружат и други колеги.

  • Се уште нема индикации дека работниците би можеле да го направат истото како мојот поранешен работник, но опасноста од тоа постои. Луѓето мислат дека не им вреди да работат, ако оние што добиваат помош за нелегална работа имаат повеќе приходи од оние што се вработени – изјави Хорст Котмајер.

Следната година стапката на граѓански приход ќе се зголеми на 563 евра месечно, многу работодавци стравуваат дека Германија ќе стане општество каде што некои „одмараат, а други плаќаат за тоа работејќи“.