МАДОНА СЕ УШТЕ Е ВО ЛОША СОСТОЈБА! ‘Кралицата на попот’ е буквлано ‘врзана за кревет’, постојано повраќа и е во несвесна состојба – менаџерскиот тим свикал кризен состанок!

Една од најпознатите пејачки во светот, Мадона (64 г.), се уште се бори со бактериска инфекција, поради која пред неколку дена заврши во болница.

Според информациите од магазинот TMZ, извори блиски до пејачката откриле дека Мадона е „врзана за кревет“ и постојано повраќа. Како што тврдат, пејачката во саботата почнала да повраќа, а во еден момент се онесвестила.

Извори открија за магазинот Page Six дека пејачката не реагирала на околината за време на нејзиниот престој во болница и морала да биде на интезивна нега најмалку една ноќ. Причината за нејзината инфекција, наводно, биле подготовките за турнеја, која на крајот е одложена поради нејзината болест.

Мадона на подготовките работела и по 12 часа дневно. TMZ претходно објави дека здравјето на Мадона веќе некое време е загрозено и дека речиси еден месец се бори со треска. Пејачката ги игнорирала сите знаци на болест и не посетила доктор за да може целосно да се фокусира на турнејата која требаше да започне на 15. јули.

Дека состојбата на Мадона е сериозна говори и податокот дека набрзо по нејзиното заминување во болница, нејзиниот менаџерски тим имал кризен состанок. Тие потоа се согласиле да ја одложат турнејата поради стравувањата дека пејачката нема да ја преживее инфекцијата.