Мадона ја сподели првата фотографија по излегувањето од болница: Нема да ве разочарам (ФОТО)

Мадона позираше со плишана играчка, а коментарите непредтано доаѓаа.

Пејачката Мадона пред неколку недели беше пронајдена без свест во својот стан, поради што итно беше пренесена во болница каде и’ беше констатирана бактериска инфекција, па беше задржана на лекување.

Како што тогаш пишуваше „РадарОнлајн“, кога медицинскиот персонал ја пронашол пејачката во несвест, веднаш и’ дале инекција Наркан, која се користи за брзо враќање на предозирање со наркотици во итна ситуација. Сепак, тие наведуваат дека Наркан се користел за борба против септичен шок, а не за употреба на дрога.

По излегувањето од болница, Мадона се огласи на својот Инстаграм профил и откри како се чувствува после сè.

– Ви благодариме за позитивната енергија, молитвите и зборовите за поддршка и охрабрување. Ја почувствував вашата љубов. Јас сум на пат кон закрепнување и благодарена сум ви за сите благослови во мојот живот. Мојата прва мисла кога се разбудив во болница беа моите деца. Мојата втора мисла беше дека не сакам да разочарам никој што купил билет за мојата турнеја. Исто така, не сакав да ги изневерам луѓето кои неуморно работеа со мене во изминатите неколку месеци за да го создадат моето шоу. Мразам да разочарувам некого. Мојот фокус е на моето здравје и сила и ве уверувам дека ќе се вратам веднаш штом можам. Мојот сегашен план е да ја преместам северноамериканската етапа од турнејата и да ја започнам турнејата во октомври во Европа. Благодарен сум за вашата грижа и поддршка. Со љубов, М – заврши таа.

Пејачката оттогаш не е активна на социјалните мрежи до сега кога сподели фотографија од себе.