Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека човештвото мора да се спротивстави на „израелскиот геноцид врз палестинскиот народ“.
Мадуро ги даде своите коментари додека разговараше со палестинскиот амбасадор во Каракас, Фадиј Ал-Забен, во вторникот на телевизиската програма „Мадуро и повеќе“.
Тој цитираше напис во Њујорк Тајмс во кој писателот го спореди она на што Палестинците во Газа биле подложени на третманот на Евреите од страна на нацистите.
Venezuela President Maduro:
— Clash Report (@clashreport) November 8, 2023
Attention, good world that listens to me. Attention, men and women of the United States, Europe and the world:
They have sown an ideology more dangerous than the Nazism.
First, against the Palestinian people: raids, extermination, genocide, and… pic.twitter.com/pc9iM0yMvR
„Жените и децата беа првите кои беа фрлени во гасните комори, а денес гледаме дека Израел го прави истото со палестинскиот народ. Жените и децата се убиваат на страшен начин“, изјави Мадуро.
Тој додаде дека ционистите „посеале идеологија поопасна од нацизмот“.
„Прво, против палестинскиот народ: напади, истребување, геноцид и атомски бомби. Потоа ќе ги нападнат арапските народи и целиот муслимански народ. Потоа ќе дојдат по христијаните, католиците. Да го запреме ционистичкиот геноцид на време“, рече Мадуро. .
Израел 32-ри ден по ред го бомбардира Појасот Газа и цели на станбени згради и цивилна инфраструктура. Од вчера, во бомбардирањето загинаа 10.328 Палестинци, од кои 4.237 деца и 2.719 жени. Повеќе од 25.000 луѓе беа ранети.