МАЖЕНА СУМ ЗА МИЛИОНЕР ОД ДУБАИ, АМА ЛУКСУЗОТ МОРА ДА ГО „Заслужам“ Вака навистина изгледа нејзиниот живот, една работа е ШОК за сите

Сауди својата среќа ја нашла во Дубаи , кога го запознала сегашниот сопруг.

Нејзиниот сопруг е милионер, а заедно уживаат во луксузниот живот. Сепак, колку и да изгледа дека нејзиниот живот е бајка и дека запознала принц на бела јахта, коментарите на нејзините приказни кои ги објавува на TikTok не го кажуваат тоа.

Сауди вели дека нејзиниот сопруг, колку и да го сакал, не дели само пари со неа. Таа веќе мора да го „заработи“ тоа богатство, со тоа што е „послушна сопруга“.

@soudiofarabia Am i the only person that didnt know this about Dubai weddings? ✨ #dubai #fyp #couples #grwm ♬ original sound – Soudi🇬🇧 & Jamal🇦🇪

Тие уживаат во животот, како што наведува таа, а не гледаат на цените.

– Се случува кога излегуваме да потрошиме по неколку илјади долари. Обично трошам околу 3.500 долари за третмани за шминка и нега, додека вечераме во прекрасни ресторани со скапа храна – изјавила таа во едно видео.

Сепак, лавина коментари се појави кога таа кажа кои работи отстапуваат од овој идеал. Нејзиниот сопруг има апликација за следење на нејзиниот телефон за секогаш да знае каде е таа.

– Повеќе е за обезбедување и во ред е, бидејќи нема потреба често да се јавуваме – објасни таа.

Друга работа која таа истакна е дека ако сте сопруга на милионер, мора да се навикнете да не се гледате толку често со вашиот сопруг.

Од неа сепак се очекува секогаш да изгледа совршено, бидејќи никогаш не се знае кој ќе ја препознае како „сопруга на милионер“.

 Ако ја немаш најновата чанта, тогаш си никој – рече таа.

Иако нејзиниот сопруг има законско право на друга жена и Сауди ќе мора да се согласи со тоа. Се чини дека таа засега цврсто се држи за својот дел во бракот и не сака да и прави простор на „дамата број два“.