Психолозите истакнуваат дека мажите секогаш се вљубуваат во жени со особина која е попривлечна од физичкиот изглед. Дознајте дали ја поседувате и вие.
Привлечноста најчесто се поврзува за физичкиот изглед. Истражувањата покажуваат дека за мажите попривлечно од физичкиот изглед е среќата.
Додека набљудувате позитивна, оптимистична и среќна личност, верувате дека покрај неа и вие ќе бидете такви. Насмеаните и ведрите лица секако се попривлечни од намрштените и премногу сериозните. Жените кои зрачат со среќа и позитивна енергија се исклучително привлечни за мажите.
Кога е покрај ваква жена, тој се чувствува поопуштено, повеќе комуницира, а насмеаните лица изгледаат поубаво, посвежо, помладолико.
Жените кои секогаш гледаат добро дури и кога ситуацијата е негативна, се силни поради чувството на оптимизам. Тој нивен позитивен став ги импресионира мажите и ги прави привлечни за низ, бидејќи зрачат со посебни вибрации.