Принцезата која ги прекрши правилата: Погледнете како би изгледала принцезата Дијана денес

Поради прераното и трагично заминување на принцезата Дијана, тагуваше ширум земјината топка, бидејќи и покрај нејзиниот краток живот, нејзиното однесување остави неизбришлива трага во кралското семејство, но и во целиот свет.

– Не го следам правилникот затоа што се водам од срцето, а не од главата, иако разбирам дека тоа ми носи проблеми во работата. Но, некој мора да оди таму, да им пружи љубов на луѓето и да ја покаже – рекла во 1995 година бунтовната принцеза Дијана, а потсетуваме како ја прекршила кралската традиција.

Да се ​​случат некои работи поинаку, Дијана денеска ќе беше кралица и ќе седнеше на тронот, што секако ќе ја задоволи британската и светската јавност и ќе го подобри имиџот на кралското семејство.

Многу уметници се обидоа да направат реалистичен портрет на неа како жена во шеесетите, а на официјалната страница на руското издание на магазинот Hello, пред неколку дена се појави таков приказ.

Вереничкиот прстен го избрала од каталогот

Иако е вообичаено кралските веренички прстени да се прават по нарачка, 19-годишната Дијана го избра својот од каталогот на колекцијата накит Гарард. Вереничкиот прстен од бело злато на Дијана со 12-каратен сафир околу 14 дијаманти сега го носи војвотката Кејт Мидлтон.

Таа искрено разговараше со новинарите

Во 1995 година, Дијана тајно му даде многу разоткриено интервју на новинарот на Би-Би-Си, Мартин Башир. Иако нејзините соработници тврдеа дека подоцна зажалила, тој чин бил обид на принцезата да ја преземе контролата врз медиумите и папараците кои и го пикале носот во животот. Тоа беше нејзиното прво соло интервју и го гледаа повеќе од 21,5 милиони луѓе во Велика Британија.

Таа уживаше во животот по бракот

По разводот со принцот Чарлс, Дијана не се повлече. Таа уживаше во романси со разни шармантни и богати мажи, меѓу кои и Доди Ал Фаед. Не долго пред нивната смрт на 31 август во Париз, Дијана и Доди летувале на Азурниот брег, а принцот Вилијам со нив ги поминал летните денови во Сен Тропе.