Предлог-законот на Левица ја помина првата фаза – земјоделките ќе добијат платено породилно отсуство

На денешната собраниска седница, помина потребата за носење на законот по скратена постапка (прва фаза) за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), предложен од пратениците од Левица.

Апелираме матичната Комисија за здравство што побрзо да го разгледа и усвои овој Предлог на комисиска седница и потоа истиот повторно да се најде на пленарна седница за да се оконча целиот процес и конечно да прекине досегашната дискриминација на жените-земјоделки.