Снимката на која мажи печеат јагне на брод меѓу Чиово и Шолта насмеа многу корисници на социјалните мрежи и стана тема на коментари.
Корисничката на TikTok, која го објави ова видео, ја опиша оваа интересна сцена.
@armin_andrea danas na izletu u sred plave lagune osjetimo miris, ne miris ribe nego kao da smo kod kuce, morem se širi miris pečene janjetine….ljudi se dosjetili, svaka im čast, nismo ju probali jer je nas na odredištu čekao riblji ručak ali snimka je više nego dovoljna #hrvatska #jadranskomore #dalmacija #trogir #solta #maslinica #bluelaguna #branac #krstarenje #3islandtour #more #brod #janjetina #viralvideo #hit ♬ original sound – 💪X-Man💪
„Денес на екскурзија среде Сината лагуна помирисавме не мирис на риба, туку како да сме дома. Мирис на печено јагне се шири низ морето… На луѓето им текна. Секоја чест на нив. Не пробавме затоа што на нашата дестинација не чекаше рибен ручек, но снимката е повеќе од доволна“, напиша таа.
Видеото досега е прегледано повеќе од 270.000 пати. Некои корисници на TikTok ги критикуваа мажите, додека други не гледаат проблем со ова.
„Какво задоволство“, „Можеби не е најголемиот брод, но во моментов е најјак“, „Такви работи на Јадранот прават оние кои сметаат дека јагне од 14 кг е добро да се јаде. Море за морнар, абака за шумар“, „Ова е забрането“, дел се од коментарите.