МАЖОТ 13 ГОДИНИ ЈА СИЛУВАЛ И ТЕПАЛ А ТАА НА КРАЈ ЖИВ ГО ЗАПАЛИЛА: Неверојатната судбина на жената која стана “херој” на нацијата
Френсин Хјуз го запалила сопругот поради злоупотреба и стана херој на сите жени! Нејзиниот случај беше инспирација за создавањето на Женското движење, кое беше првото што отвори безбедни куќи за жените кои страдаат од насилство.
Трагичната приказна за Френсин Хјуз започнала кога се омажила за Џејмс Мајки Хјуз. По 13 години вербална и емоционална злоупотреба, бракот завршли – но злоупотребата не. Ноќта на убиството, во 1977 година, Мајки ја претепал Франсин пред децата, ги искинал учебниците за секретарскиот курс што го посетувала, а потоа ја принудувал на секс додека и се заканувал дека ќе ја убие. И тогаш една ноќ му се одмазди за се и почна вистинска револуција во светот.
Како дете, Френсин го гледала нејзиниот татко алкохоличар како ја злоупотребува нејзината мајка. Таа го напуштила средното училиште за да се омажи, а потоа и самата станала жртва на злоупотреба. Мајки почнал да ја малтретира по многу кратко време од моментот кога се венчале. Отпрвин покажал каење по злоставувањето, а многу брзо тоа станало шаблон. Насилен испад, па каење.
„Кога купував нова облека, тој ми ја кинеше“, се присетува Франсин во интервју за магазинот People. „Не знам дали изгледав премногу убаво или нешто друго беше проблемот, но тој не сакаше да изгледам така.
Наскоро, Френсин имала четири деца и сопруг кој поголемиот дел од парите ги потрошил на алкохол. Иако успеала да се разведе во 1971 година, тој не ја почитувал одлуката на судот. Доаѓал кога сакал и ја тепал. Кога Мајки доживеал тешка сообраќајна несреќа истата година, Френсин го вратила во куќата за да го негува. Потоа злоупотребата се влоши.
Со помош на нејзината мајка, Френсин се обидела да се запише во училиште за секретарка. На 9 март 1977 година Мајки ги запалил книгите што ги купила за курсот, ја замолил да се повлече од училиште и и се заканувала дека ќе и го уништи животот. Френсин повикала полиција, но тие одбиле да го уапсат Мајк, бидејќи не биле сведоци на малтретирањето, иако тој и им се заканувал. Кога полицијата тргнала, Мајки продолжил да ја тепа Франсин, ја силувал и заспал.
Стоев во место и се сеќавав на секој момент кога ме повреди… кога ги повреди децата“, изјави Франсин. „Некое време се двоумев, но глас како да ми шепна „направи го!“, „направи го!““. Ги спакувала децата во автомобилот, истурила бензин околу креветот на Мајки и запалила кибрит. Таа потоа се упатила во затворот Ингам и се предала. Кога пожарникарите стигнале до куќата, Мајки веќе бил мртов.
Франсина Хјуз стоела пред својата запалена куќа. Гледала како гори. Внатре бил нејзиниот насилнички сопруг Мајки. Претходно истата вечер ја претепал и силувал за последен пат. Таа се сврте, влезе во автомобилот во кој веќе седеа нејзините преплашени деца и замина да им се предаде на властите.
Откако беше ослободена од привременото лудило на таканаречениот „синдром на огнен кревет“ кој подоцна беше проучуван во академските кругови, а се користеше во одбрана на други жени кои ги убиваа нивните насилници.
Франсина Хјуз почина во 2017 година. До годината на нејзината смрт насилството беше препознаено како важно прашање, но сепак не беше решено, пишува Nationalgeographic.rs.
Во американската популарна култура денес, Френсин се смета за инспирација за создавањето на „Женското движење“ кое подоцна работеше на привлекување внимание на жените злоупотребувани од нивните сопрузи – кои не беа препознаени од правосудниот систем.
Случајот на Франсина го привлече вниманието на многу други, слични, трагични случаи и го покрена прашањето за заштита на тие жени. Женското движење тогаш создаде систем на засолништа – еден вид прва безбедна куќа – со што ја подигна колективната свест за семејното насилство.
Шокантната животна приказна на Френсин Хјуз ја инспирирала американската авторка Фејт МекНатли да ја напише книгата „The Burning Bed“. Оваа книга е практично хорор приказна, но уште поважно, таа беше една од првите извештаи за злосторствата врз жените.
Огромното внимание повторно беше насочено кон овој проблем во 1984 година, кога беше снимен истоимениот филм врз основа на книгата „The Burning Bed“ со Фара Фосет во главната улога. Филмот освои бројни награди, а проблемот со насилството врз жените повторно беше во центарот на вниманието.