Маж во Мемфис уби четири жени, а една тешко рани, полицијата трага по него

– Американската полиција  трага по напаѓач по серијата вооружени пресметки во градот Мемфис, во сојузната држава Тенеси, во кои вчера се убиени четири жени, а една се наоѓа во критична состојба.

„Полицајците одговори на информација за пукање на Хауард Драјв околу 21,22 часот. Во текот на истрагата, беше утврдено дека овој инцидент е поврзан со две други престрелки и дека и во нив е вклучен истиот осомничен“, соопшти полицискиот оддел во Мемфис, пренесе Еј-Би-Си Њуз. 

Во трите одвоени престрелки убиени се четири жени, информира полицијата.

Полицијата за убиствата го сомничи 52-годишниот Мејвис Кристијан Џуниор, додавајќи дека тој вози бел „Шевролет Малибу“ од 2017 година.

„Доколку го видите него или неговото возило, веднаш јавете се на 911“, соопшти полицијата. 

Престрелките се истражуваат како инцидент на семејно насилство.