Маж во Сараево чува лав како домашно милениче (ФОТО)

БИЗНИСМЕН од Дубаи Ибрахим Алхаваи чува младенче лав во Сараево. На Инстаграм често го објавува своето секојдневие и луксузните автомобили и патувања во кои ужива, а сега се пофали со необично милениче кое живее во неговата вила во Пољина.

„Само за хејтери“, напиша бизнисменот на првата фотографија со лав што ја објави и предизвика бројни реакции кај своите следбеници. „Уште малку и крокодилите ќе бидат домашни миленици“, „Отворате ли зоолошка градина? „Колку слатко“, „Само така, легендо“, се дел од коментарите под објавите.