Кога семејството пристигнало дома, полицијата била напорно вклучена во истрагата
Семејство од британскиот град Рочдејл се враќало од патување, кога таткото решил да ја активира апликацијата за да ги контролира безбедносните камери, и да види што се случува во куќата.
На негово чудење, видел маскирани фигури како се шетаат низ семејната куќа и како пребаруваат по работите!
Вознемирениот човек најпрвин мислел дека го гледа грабежот во реално време, а дури подоцна сфатил дека се работи за видео, пишува Дејли Стар.
„ Беше страшно, искрено зборувам. Гледајќи странци како претураат низ нашата куќа, отворајќи фиоки“, рекол неименуваниот маж.
Кога семејството пристигнало дома, полицијата била напорно вклучена во истрагата, бидејќи биле повикани од сосед.
„Сè беше фрлено, фиоките беа извлечени, шкафовите се распарчија. Ги отвориле сите врати, ги испразниле сите кутии“, рекол човекот.
Членовите на семејството од Рочдејл веруваат дека крадците знаеле дека патувале, што значи дека ги следеле и сфатиле што се случува.
„Ова е голем шок. Чувството на сигурност што го имате во вашиот дом го нема . Сега постојано ги проверуваме прозорците и вратите, а и најмал шум не буди“.
На крајот било откриено дека крадците од куќата однеле само две камери за надзор.
„Верувам дека ги бараа клучевите од автомобилот, но не ги најдоа. Неодамна купивме БМВ “, рекол домаќинот
Видеото може да го погледнете ТУКА.