Маж заспал на плажа, почувствувал како некој го допира по нозете: Глетката што ја видел ќе ја памети цел живот

Маж заспал на плажа, почувствувал како некој го допира по нозете: Глетката што ја видел ќе ја памети цел живот

Човек го доживеа шокот на својот живот откако го разбудил крокодил на плажа.

Еден 65-годишен маж се одмарал во вреќа за спиење на плажата Њуел во северниот дел на Квинсленд во вторникот вечерта, кога околу 21 часот му пришол крокодил.

Се разбудил и се нашол лице в лице со животно кое му ги гризнало нозете, но успеал да побегне.

Менаџерот на Њуел Бич Караван Парк Ворен Фаравеј изјави дека другите луѓе на плажата истрчале да му помогнат на човекот во моментот на страшната средба.

„Мажот лежеше на плажата под ќебе, кога во еден момент му пријде крокодил и го фати за нозете. Имаше многу среќа, на плажата имаше и други луѓе кои му пришле на помош и го однеле во болница. Маж се здобил со повреди од каснувања на двете нозе, но состојбата не била загрижувачка, па во текот на ноќта бил пуштен од болница, пишува Дејли мејл.

Сопственикот на „Newell Beach Takeaway“ и кафе, Питер Кап, рече дека знае за голем крокодил што живее во областа. 

Квинслендските паркови и службата за диви животни го истражуваат инцидентот.