Маж застанал кај Угриновци да си го поправа возилото, па го удрил камион: Немало спас за него!

Маж (82) загинал во тешка сообраќајна несреќа во местото Грмовца кај Угриновци на автопатот Шид-Белград, дознава „Телеграф.рс“.

Неофицијално, на несреќникот му се расипало возилото и тој застанал да го поправи.

Тој беше на средната лента, поставувајќи знак. Меѓутоа, на него налетал возач на камион .

Смртта била констатирана на местото на настанот од екипа на Брза помош.

Известено е обвинителството кое нареди обдукција на телото.

Истрагата е во тек.