Маж изврши самоубиство во трговски центар: Хорор во предградието на Париз, посетителите во паника истрчаа надвор! (ВИДЕО)

Во зградата во која се наоѓа голем трговски центар во париското предградие Дефенс, денеска се случи инцидент откако непознат маж се самоуби скокајќи од галеријата на трговскиот центар.

Масата луѓе во паника се обидела да го напуштат местото на настанот, каде набрзо пристигнала и полицијата, јавува БФМ ТВ.

Извор близок до истрагата за ТВ БФМ изјави дека наспроти сведоштвата на социјалните мрежи нема пукање, туку дека телото на мажот многу силно удрило во земјата, што ги исплашило посетителите на трговскиот центар.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, потврди дека е во тек полициска акцијаво населбата Дефанс.