Маж ми е дебел ама не ми е гајле! Велат дека е спонзоруша а таа тврди: Заедно заработуваме 10.000 евра месечно! (ВИДЕО)
Сиена Кира е заљубена во фитнес а гледајќи ја британската хит серија „Луѓето само не прават ништо“ еден од ликовите Крег, кој го игра Џорџ Кејвуд (28), веднаш и’ паднал во очи.
И покрај растојанието меѓу двајцата (Џорџ живее во Обединетото Кралство), Сиена одлучи и му испрати порака на актерот. Оттогаш нивната врска процвета, таа започна ново поглавје во животот во Обединетото Кралство, а двајцата имаат заедничко дете.
Џорџ ја запроси Сиена на гондола во Венеција, Италија, а тие се венчаа во мај 2022 година. Меѓутоа, откако јавно ја објавија врската и бракот, и двајцата се соочија со критики од луѓе кои претпоставуваа дека сето тоа е измама. Актерот беше безмилосно нападнат поради својата тежина. Исто така, во многу наврати му било кажано да се држи настрана од социјалните мрежи. Во меѓувреме, блескавата Сиена е прозвана дека била со него само поради парите.
– Сигурно е луда да се омажи за тебе – му велеле на Џорџ.
Двојката инсистира дека тоа не е така, бидејќи тие заработуваат огромни 10.000 евра месечно споделувајќи го својот живот на интернет.
– Луѓето ме нарекуваат спонзоруша и велат дека Џорџ треба да размислува за своето здравје – вели Сиена, која признава и дека кога била многу помлада сакала поголеми момци, додека на сите нејзини пријатели им се допаѓале момците од теретана.
Двојката сака да ја сруши стигмата околу изгледот во врските и да тврди дека не треба да се менувате за да најдете љубов или да бидете среќни.
– Ги сакаме нашите животи и изградивме живот за нашиот син за кој не верувавме дека е возможен – вели парот.
Парот троши три часа дневно создавајќи содржини за на интернет и велат дека за месец може да заработаат и до 10.000 евра заработка.
Тежината на Џорџ не го спречува да прави нормални работи, тој сепак може да оди на шопинг и е одличен татко за Оливер, пренесува The Sun.
– Дури ми се закануваа дека ќе ме силуваат, тоа е страшно. Сега ова е наша работа, се фокусираме на позитивни работи, па дури и кога добиваме коментари со омраза, имаме повеќе прегледи, повеќе реклами и повеќе договори со брендови – вели таа.