Еден човек е уапсен под сомнение за 76 убиства, откако признал дека лани во август подметнал смртоносен пожар во зграда во Јоханесбург, Јужна Африка.
Како што јавува Би-Би-Си , пожарот избувнал на крајот на август во поранешната област Јоханесбург.
Таа зграда била деловен центар и подоцна била користена како неформално засолниште, објавија тогаш медиумите.
Локалните медиуми објавија дека жителите на зградата биле главно имигранти од други африкански земји.
29-годишникот ја признал вината додека давал исказ во истрагата, соопшти полицијата.
Осомничениот се соочува и со обвиненија за подметнување пожар и 120 точки од обвинението за обид за убиство.