МАЖ СКОКНА НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ И ИЗБЕГА ОД СУДОТ ВО РИЕКА Полицајците не успеаја да го спречат, потрагата се уште трае

Обвинетиот, кому му беше одреден притвор, нешто по 13 часот побегна од судот во Риека скокајќи низ прозорецот на првиот кат од зградата.

Станува збор за помлад човек, а се се случувало додека тој ја чекал одлуката на истражниот судија дали ќе му биде изречена мерка притвор. Полицијата се уште трага по него, пренесува порталот Бурин.

Од извори блиски до судот во Риека се дознава дека мажот навистина избегал, искористувајќи го моментот кога полицијата го донела на суд бидејќи ги прекршил мерките на претпазливост.

Наводно побарал од полицајците малку да му ги протегне нозете, за следниот момент да скокне од прозорецот.

Новинар од местото на настанот опиша како бегалецот најверојатно го искористил тоа што до прозорецот има уште еден објект, кој е на височина од околу три и пол метри, а потоа и олукот, кој мажот очигледно го искористил за да избега.

Во моментот на бегството, мажот се уште не бил предаден на правосудната полиција, а не бил врзан со лисици.