Маж ја запалил својата братучедка (54) во зграда, камерите снимиле сè: Нервозен, ја полил со бензин а потоа се кренал пламен! (вознемирувачко видео)

Жена (54) почина денеска во болница во Букурешт откако, како што се сооопштува, роднина по расправија ја запалил во влезот на зградата.

Грозоморното убиство го снимиле безбедносните камери кои станарите ги поставиле пред само неколку дена.

Убиената жена, чиј идентитет не се соопштува, била претседател на собранието на станарите.

На снимката се гледа како осомничениот стои во влезот. Потоа излегува со својата братучедка, со која очигледно се расправал. Пред зградата настанала страшна тепачка помеѓу мажот и жртвата, а потоа се гледа како мажот со толкава сила ја удира роднината по што таа паѓа во ходникот покрај вратата.

Камерите снимиле и млад сосед и уште една постара госпоѓа како се обидуваат да го задржат, но побегнале кога виделе дека врз жената која лежела, мажот истура течност за која рекле дека мириса на бензин. Во следниот момент ја турнал жената на подот, а потоа избил пожар .

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Осомничениот потоа заминува од местото на злосторството, додека шокираните соседи повикуваат полиција и брза помош.

Полицијата соопшти дека утринава околу 08:30 часот добила повик дека непознато машко лице нападнало жителка на зградата, ја полило со бензин и ја запалило.

За жал, жената не можела да се спаси и била констатирана смрт во болница .

Напаѓачот набрзо бил идентификуван и приведен .

Мотивот за ова брутално злосторство не е познат.