Македонија го држи рекордот по пушење цигари во Европа, Шведска е на последното место

Во истражувањето на „Тутунски атлас“ од 2019 година се наведува дека во Македонија граѓаните пушеле околу 2515 цигари годишно, што ја прави земјава прва во Европа по бројот на испушени цигари.

По Македонија, на второ место е Бугарија, каде што бројот на испушени цигари е 2495, а по неа е Белорусија со 2432 испушени цигари.

За споредба во европските земји, бројката е многу помала.

Така, помалку цигари се пушат во Норвешка каде годишната бројка е 365, Германија 468, додека во Шведска бројката е 638.