Македонија е подготвена да и помогне на Словенија да се соочи со катастрофата

Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека Македонија е подготвена да и помогне на Словенија во борбата со катастрофата и големите поплави кои ја зафатија земјата по невремето.

„Со големо жалење ја пренесуваме состојбата во Словенија која беше погодена од големо невреме и поплави. Не можеме да го разгледаме ова без да понудиме помош. Подготвени сме да подадеме рака и да помогнеме да ги пребродиме последиците од ова невреме и да покажеме дека вистинските пријатели се познаваат во тешки времиња. Заедно сме посилни“, рече Петровска.

Голем број луѓе во Словенија се евакуирани, додека според досегашните информации едно лице го загубило животот.