Околу 700 објекти низ Македонија загадуваат, додека во Скопје 100 објекти, болници, градинки, училишта, бараки и други институции користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има парно греење, покажува мапата на загадувачи направена од „Шанса за Центарот””
Тие нагласуваат дека нема град кој нема некои јавни објекти кои го загадуваат воздухот во неговото урбано јадро.
„Скопје е лидер, но во незавидна позиција се и граѓаните на Тетово, Куманово, Манастир, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар… речиси никој не е поштеден. Над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони нафта оваа грејна сезона може да се искористат за затоплување на овие објекти. Ќе ги дишеме! За нивно греење една сезона граѓаните ќе платат повеќе од 20 милиони евра од државниот и општинскиот буџет“, велат од „Шанса за Центар“.
Апелираат да се изврши притисок врз пратениците и советниците да се заложат за мерки во буџетите за 2024 година во нивните изборни единици за да овозможат сите општини да станат почисти.