Од 163 земји во светот, мирот е влошен во 79 земји, додека во 84 други земји ситуацијата е подобрена.
Изданието на Глобалниот индекс на мир од 2023 година, објавено од Институтот за економија и мир, откри дека глобалниот мир опаѓа по 13-ти пат во изминатите 15 години. Тој ги рангира нивоата на мир користејќи 23 квалитативни и квантитативни показатели во 163 земји и независни територии, покривајќи 99,7 отсто од светското население.
Според последниот извештај, мирот се влоши во 79 држави, додека состојбата е подобрена во 84 други држави.
Во продолжение, ТРТ Балкан ви ги пренесува податоците за Глобалниот индекс на мир во земјите од регионот.
Македонија останува на врвот на најмирни земји во регионот
Според податоците на Глобалниот индекс на мирот за 2023 година, Северна Македонија и Албанија се меѓу најмирните земји во регионот. Иако Северна Македонија падна од 37 на 38 место во споредба со минатата година, сепак останува на врвот на државите во регионот како најмирна држава.
Веднаш зад неа е Албанија, каде што ја задржа минатогодишната позиција, 40-та земја во светот по степен на мир, а втора во регионот.
Косово и Црна Гора покажуваат раст
И Косово и Црна Гора, според Глобалниот индекс на мирот за 2023 година, забележаа пораст од 5 места. Сепак, Косово и понатаму останува на последното место на најмирни земји во споредба со останатите во регионот, рангирана како 70-та земја во светот, додека Црна Гора е 44-та земја во светот и трета во регионот.
Продолжува негативниот тренд на Србија и на БиХ
Меѓу земјите кои бележат најголем пад во однос на мирот во регионот се Србија и Босна и Херцеговина. Србија, за разлика од лани, падна за седум места и сега е рангирана на 65-то место во светот и претпоследна во регионот за мир, додека Босна и Херцеговина падна за четири места, на 61-то место во светот и четврта во регионот.
Која земја во светот го носи епитетот најмирна?
Исланд повторно беше позициониран како најмирна земја во 2023 година, позиција што ја има од 2008 година. На врвот на индексот му се придружуваат Нов Зеланд, Ирска, Данска, Австрија и Сингапур. Спротивно на тоа, Авганистан беше на дното на индексот, а пред него беа Јемен и Сирија како држави во кои има најмалку мир во светот.
TRT Balkan