Според извештаите на Европската комисија (ЕК) и Организацијата за економска соработка и развој, Северна Македонија заедно со Србија имаат висока стапка на смртност како резултат на загадениот воздух, пишува Euronews.
Од соседните земји, Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така мерат високо ниво на загаденост.
Изложеноста на честичките PM2.5 предизвикала околу 239.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2021 година, додека 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид, според извештаите на Европската агенција за животна средина.
Истражувањето на Њувенхајсен ги истакнува различните предизвици со кои се соочуваат различни делови на Европа, вклучително и земјите од Југоисточна Европа, како што е Македонија, во справувањето со загадувањето на воздухот.