Македонија се враќа на Евровизија во 2024 година, одвоени се 1,5 милиони денари

Во програмата за работа на МРТВ е објавен буџетот за следната година, а во него се предвидува Македонија да учествува на Евровизија следната година.

„Програмата на Македонската радио-телевизија во 2024 година ќе ја одбележи и учеството на Евровизија 2024, каде преку песната ќе бидат претставени македонските музички вредности – со учество на овој фестивал“, се вели во програмата.

Оваа вест ја објавуваат и официјалните музички сајтови кои даваат хронологија на учеството на македонските претставници на Евровизија.

Планираниот буџет од 1,5 милиони денари (24.375 евра) се однесува и на Евровизија за јуниори.