Македонија тоне во корупција, Собранието го поткопа судството

Македонија останува заглавена во корупција, додека неодамнешните извештаи на Транспаренси интернешнал ја ставаат на критична позиција во однос на индексот на перцепција на корупцијата. Иако има пораст на индексот во однос на минатата година, Македонија се уште има доволно тешкотии да го реши овој сериозен проблем.

Неодамнешните измени во кривичниот законик, кои беа опишани како удар врз правосудниот систем, предизвикаа големи контроверзии и оставија значителни траги на довербата на јавноста во судските институции и обвинителството.

„Во септември 2023 година, Собранието на РСМ значително го поткопа судството. Нетранспарентно, по брза постапка, пратениците го сменија Кривичниот законик со што ја намалија затворската казна и го скратија застареноста на злоупотребата на службената положба. Ова ќе предизвика пропишување на околу 200 наводни случаи на корупција“, изјави Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл – Македонија.

На меѓународно ниво, Македонија е на 76-то место на листата на индекси за перцепција на корупцијата, ставајќи ја на просечна позиција во споредба со земјите од регионот. Додека некои земји како Словенија, Хрватска и Црна Гора постигнаа подобри резултати, други земји како Косово, Србија, Босна и Херцеговина продолжуваат да се соочуваат со слични предизвици во борбата против корупцијата.

„Сигурно можеме да кажеме дека се уште има недоволна демократија, транспарентност во работата на јавните институции и владеење на правото, што мора да се подобри доколку сакаме да покажеме реални резултати во борбата против корупцијата“, вели Пандовски.

За да се намали нивото на корупција во земјава, портпаролите на организациите за транспарентност наведуваат дека е императив политиката да не се меша во работата на правосудниот систем и да промовира амбиент каде владеењето на правото и одговорноста се врвни приоритети.