Костадиновска-Стојчевска: Со 50 милиони денари поддржуваме културни проекти во единаесет општини

На првата седница на Преодната Влада со ентузијазам беше одобрена Програмата за искористување на средствата за капитални грантови на единиците на локалната самоуправа од областа на културата за 2024 година.Министерството за култура, под раководство на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, има обезбедено рекорден буџет од 50 милиони денари за поддршка на капитални проекти од областа на културата во единаесет различни општини.

Министерката Костадиновска Стојчевска изразува уверување дека оваа голема инвестиција ќе помогне да се подобри културната инфраструктура на локално ниво и да се поттикне креативноста и иновативноста кај младите. Преку овие проекти е замислено да се создадат оптимални услови за развој на културата во сите региони, придонесувајќи за афирмација на културните вредности на секоја општина.

„Преку капиталните дотации за културата придонесуваме за рамномерен развој на општините, за развој на сите региони во државата, за инвестиции во културата кои ќе ја промовираат креативноста и креативноста кај младите. Со подобрување на условите за реализација на културни проекти помагаме во афирмирање на културните вредности на секоја општина, со акцент на создавање интегриран простор за младите и поврзување низ целата држава“, нагласи таа.

Министерството за култура продолжува да се ангажира во планирањето и обезбедувањето финансиски средства за капитални грантови во областа на културата, во согласност со стратегиите и целите на Владата за унапредување на рамномерниот културен развој на целата територија на државата. Оваа програма има за цел да обезбеди интегриран простор за младите и да придонесе за раст на културниот потенцијал на локално и национално ниво.