Автомобилскиот гигант ја затвара својата фабрика: Производството стопирано, невиден скандал, позната компанија во сериозни проблеми

Јапонскиот производител на автомобили Даихатсу ја прекина работата во сите свои фабрики во Јапонија по скандалот со мамење на државните тестови за сертификација.

Компанијата поседува четири фабрики во Јапонија и сите ќе бидат затворени еден месец почнувајќи од понеделник, според телевизијата NHK. Медиумите јавуваат дека по идентификувањето на 174 дефекти во 64 модели, одлучено е да се запре продажбата на сите модели на компанијата.

Минатата година Даихатсу произведе 920.000 автомобили, додека во следниот месец треба да произведе приближно 70.000 возила. Даихатсу исто така размислува да плати компензација за прекин на 400 изведувачи.

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген, да потсетиме, до Божиќ планира да претстави план за штедење, а медиумите пишуваат дека компанијата е принудена на драстични мерки и дека ќе следи тешката одлука за отпуштање.