Заменик-премиерот на Република Македонија, Изет Меџити, објави дека РCM ќе отвори амбасада во Ријад. Тој рече дека овој чекор е важен и ќе ја зајакне меѓународната позиција на земјата и ќе ги продлабочи врските со еден од најважните актери во арапскиот свет.
„Република Северна Македонија наскоро ќе ја отвори својата амбасада во Ријад, главниот град на Кралството Саудиска Арабија. Овој важен стратешки чекор ја зајакнува меѓународната позиција на земјата и ги продлабочува врските со еден од најважните актери во арапскиот свет, како членка на Г20 и најголемата економија во регионот. За нашите граѓани од исламска вероисповед, ова е настан од особено значење.“
„Саудиска Арабија е земја на двата најсвети града, Мека и Медина, каде што секоја година илјадници верници од нашата земја го извршуваат хаџот и умрата, како дел од нивната духовна посветеност. Нашето дипломатско присуство таму не е само политичко прашање, туку чин на грижа и блискост со нашиот народ, што ќе ја олесни нивната организација, безбедност и поддршка за време на овие поклоненија“, објави Меџити на Фејсбук.
Меџит најави дека амбасадата ќе служи и како мост на соработка во важни области како што се економијата, туризмот, културата и регионалната безбедност, во согласност со нашата активна надворешна политика и визијата за поповрзана Северна Македонија со светот.