Македонска царина: Запленети се неколку рачни часовници од познати марки

Царината на Македонија соопшти дека запленила 20 рачни часовници во вредност од 178.050 денари.

Часовниците се одземени од автомобил со северномакедонски регистерски таблички на граничниот премин.

„По откривањето на непријавените часовници, лицето инаку државјанин на Македонија изјавило дека се купени од Швајцарија. Одземените часовници ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинските правила“, велат од Царината на Македонија.