И порано се обидувале да заработаат од неа: Еве која е Нати Наташа, чиј дует го лажира Девито и ѝ ја украде песната (фото)

Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, објави нов албум, на кој една од песните е наводно дует со латино пејачката Нати Наташа. Иако Нати е светска ѕвезда, пред скандалот на Балканот малкумина знаеја која е таа.

Младата пејачка од Доминиканската Република на социјалната мрежа Инстаграм ја следат 36,6 милиони луѓе и е една од најпопуларните пејачки во Колумбија и Бразил.

Сепак, ова не е првпат Ната да наиде на непријатности поради локалните изведувачи. Нејзиното име пред неколку години ги полнеше насловите во домашните медиуми поради скандалот со босанските рапери Буба Корели и Јала Брат.

Потоа ја ископираа музиката од нејзиниот хит „Son of Pijamas“ кој има 2,1 милијарди прегледи на платформата „Јутјуб“.

Јала и Буба ја преработија таа песна и ја продадоа на пејачката Маја Беровиќ под името „Сама“.

Маја ја купи песната, сними видео и ја објави, а неколку месеци подоцна песната беше отстранета од платформата на Јутјуб на барање на тимот на Наташа.