Македонскиот полициски синдикат бара предвремено пензионирање на полицајците

Независниот полициски синдикат во Северна Македонија бара предвремено пензионирање на полицајците, по барање на вработениот, кои имаат навршено 25 години стаж.

„Активно следејќи ги состојбите и потребите на нашите колеги, го презентиравме предлогот за можност за предвремено пензионирање на полициските службеници по барање на вработените со 25 години активен стаж, со намалување на стапката на пензија за 0,5 отсто годишно за секоја година.

,,Cметаме дека голем број колеги, особено оние кои секојдневно вршат теренски обврски, имаат трајни последици од извршувањето на работните обврски и треба да се обезбеди можност за заминување во пензија за оние колеги кои повеќе не се чувствуваат способни за извршување на работните обврски“, напиша синдикатот во својата објава на Фејсбук.

Според нив, оваа мерка ќе придонесе до одредено проветрување во полицијата, намалување на бројот на уморен персонал и можност за нивна замена со нови колеги, кои, како што велат, ќе внесат свежина и дополнителна енергија во полицијата.