Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум против Жалгирис во квалификациите за место во Лигата на шампиони
Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум ќе игра против литвански Жалгирис во првото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Македонскиот шампион својот дебитантски натпревар во елитното европско клупско натпреварување ќе го игра во Вилнус на 11. или 12. јули, додека реваншот е по седум денови на домашен терен.
Поразениот тим ќе ги продолжи настапите во второто квалификациско коло во Лигата на конференции.
Фудбалерите на Струга Трим Лум ја завршија сезоната во Првата македонска фудбалска лига на лидерското место и прв пат во клупската историја ја освоија шампионската титула.