Македонската женска фудбалска репрезентација од денеска до 21 овој месец ќе учествува на традиционалниот меѓународен турнир во турскиот град Аланија, на кој за противници ќе ги имаат селекциите на Замбија, Бугарија и Естонија.
Македонските фудбалери во воведниот натпревар на „Туркиш куп Аланија 2023“ попладнево од 16 часот ќе играат против Замбија, три денови подоцна против Бугарија, а противник во последното коло ќе биде Естонија, идниот вторник.
Селекторот Кирил Изов на располагање го има најсилниот состав предводен од капитенот Наташа Андонова.
На седмото издание на „Турккиш куп“ во Аланија ќе настапат и репрезентациите на Словенија, Узбекистан, Јужна Африка, Хонг Конг и Косово.
Учеството го откажаа домаќинот Турција, Венецуела и Јордан.