Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија

 Македонски државјанин, кој управувал камион – шлепер учествувал во сообраќајна несреќа што се случила во близина на албанскиот град Либражд.

Камионот се судрил со патничко моторно возило, при што повредени се две лица кои биле автомобилот.

– На патниот правец Либражд-Елбасан, на местото викано „Мостот на Мураш“ товарно возило управувано од Г.Т. државјанин на Северна Македонија, се судрило со автомобил управуван од државјанинот А.Т. жител на Поградец. Во незгодата со телесни повреди се здобиле А.Т. и сопатничката во возилото што го управувал овој граѓанин, кои се препратени во болница за укажување лекарска помош, стои во полициското соопштение.

Се спроведуваат натамошни процесни дејствија кај државјанинот Г. Т.

Истражната екипа на местото на настанот работи на расветлување на околностите на несреќата, но според првичните информации причина е ” непрописно претекнување од страна на возачот на автомобилот“.