„Макпетрол“: Природниот гас во април со пониска цена за 13 отсто, метанот поевтин за шест денари за килограм

 Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, цената на природниот гас за април ќе се намали за 13 отсто за мегават час, во споредба со цената за март ова година, информира „Макпетрол“ АД Скопје.

– Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 8 отсто, односно за шест денари за килограм (4,248 денари за литар) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 75 денари за килограм. Новата цена ќе биде 69 денари за килограм или 48,85 денари за литар, соопшти „Макпетрол“.