Макрон се забавува додека Франција гори: Снимката од францускиот претседател предизвика бес кај народот! (ФОТО/ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон отиде на концерт наредниот ден откако убиството на тинејџер предизвика насилни улични протести во Франција.

Макрон беше снимен како танцува на прошталниот концерт на британскиот пејач Елтон Џон во Париз за време на втората ноќ на немирите по смртта на Начел М. (17), кој беше застрелан од полицијата.

Франција распореди 40.000 полицајци низ целата земја вчера, бидејќи гневот поради убиството достигна точка на вриење.

Макрон сега се соочува со хаотичен викенд додека гневот се шири по убиството.

Телеграф пишува дека одењето на концертот на Елтон Џон веројатно само ќе го зголеми притисокот врз Макрон. Дејвид Фурниш, партнерот на британската пејач, во четвртокот вечерта објави бекстејџ фотографија од двајцата со Макрон и неговата сопруга Брижит.

Тиери Маријани, пратеник од Националното собрание на Марин Ле Пен, вели дека Емануел Макрон е целосно неодговорен.

– Тешко тебе земјо кога кралот ти е дете. Макрон, додека Франција гори, претпочита да му аплаудира на Елтон Џон – вели Маријани.

Елисејската палата сè уште не се изјасни за овој настан.

Пет илјади полицајци, да потсетиме, беа испратени во предградијата на Париз, откако ноќта, меѓу средата и четвртокот кога Макрон беше на концертот, беа повредени околу 170 полицајци и уапсени 180 лица.

На состанокот на кризниот кабинет во четвртокот, Макрон го нарече насилството неоправдано бидејќи многу автомобили беа запалени, а полицијата беше нападната со огнено оружје. Беа ограбени продавници и запалени државни згради, полициски станици и училишта.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го напушти самитот на ЕУ во Брисел, а неговата прес-конференција беше откажана, јави француската радио станица LCI.

Макрон е на итно патување во Париз за да присуствува на состанокот на владата за немирите во земјата што избувнаа откако полицијата уби 17-годишно момче на сообраќаен застој.