Макрон со честитка до Ердоган за реизборот: „Ќе продолжиме да одиме напред заедно“

– Претседателот на Франција, Емануел Макрон, му ја честита победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Турција..

Макрон на Твитер објави честитка на турски јазик.

Тој изјави дека има предизвици што Франција и Турција ќе ги надминат заедно, како што се враќањето на мирот во Европа, иднината на евроатлантската алијанса и Медитеранот.

„Ќе продолжиме да одиме напред со претседателот Ердоган, кому му ги пренесувам честитките за неговиот реизбор“, напиша Макрон.