Малата Марија (8) мајка и ја пратила кај вујко и по тенџере, а тој ја силувал и ја убил: Детали за ужасот што го потресе Балканот
Објавени се нови детали за злосторството што го потресе цел Балкан.
Балканот остана во шок по веста за бруталното силување и убиство на осумгодишното девојче Марија од Ботошан, кое наводно било силувано и убиено од нејзиниот вујко!
Девојчето исчезнало во петокот околу 20 часот, а нејзиното безживотно, полуголо и крваво тело ноќта меѓу петокот и саботата било пронајдено во грмушките во атар во селото Јајаи. Во саботата наутро полициски службеници од три реони трагаа по осомничениот вујко (32), кој на крајот беше уапсен недалеку од местото на злосторството.
Мајката на осомничениот, која го барала девојчето со родителите на малата Марија, раскажала што се случило кобната вечер. Според неа, Марија била испратена од нејзината мајка во куќата на нејзиниот вујко, која е во дворот до неа, за да земе тенџере. Детето излегло од дома околу 20.00 часот, а бидејќи и по десет минути не се вратило, мајката ја испратила помалата ќерка (6) да види зошто Марија останала.
Девојчето се вратило по неколку минути и им кажало на родителите дека во куќата го нема ниту вујко ниту Марија. Загрижени, родителите на Марија тргнале да ја бараат, а набрзо се кренало целото село, вклучувајќи ја и мајката на осомничениот. Кога и по еден час не го нашле детето, била алармирана полиција. Наскоро целото село било полно со патроли, чешлајќи ја секоја педа додека стануваше се потемно.
Малку по полноќ, полуголо и крваво тело на девојчето било пронајдено во грмушките на работ од шумата. Веднаш било јасно дека детето е убиено и најверојатно силувано. Немаше ни знак ни глас од вујкото.
Полицијата од рано зори со хеликоптери и беспилотни летала трагаше по џелатот, кој бил фатен дури околу пладне недалеку од местото на злосторството, најверојатно додека се обидувал да се врати дома за да си ги земе работите.
Го забележале во високата трева, а кога му наредиле да се предаде, тој почнал да бега. Полицијата испукала и два предупредувачки истрели, но осомничениот одбил да застане. Конечно успеаја да го стигнат и да го фатат.
Веднаш го признал делото! „Жал ми е, бев пијан“, рекол осомничениот за силувањето и убиството на неговата осумгодишна внука.